љубовеноддел.
ЉУБОВЕН ОДДЕЛ / НАШАТА ПРИКАЗНА

Бирократија.
Ама со симпатии.

Љубовен оддел е сатирична алатка за флерт и забава. Формулар што го кажува она што групниот чат веќе го мисли.

Срцевиден печат и љубовни досиеја

За кого е?

За полнолетни што сакаат свој смешен конкурс за идно момче, девојка или дејт. За добра story-објава, малку флерт и многу сарказам.

Што не ветуваме?

Не сме агенција за спојување, не проверуваме идентитет и не оценуваме кој е „подобар“ партнер. Статусите се твој избор, не алгоритам.

Смеата има граници

Сподели сопствена пријава или материјал за кој имаш согласност. Не објавувај туѓи фотографии, телефони или приватни одговори за да понижиш некого.

Нашата службена позиција

Несериозните пријави ќе бидат многу сериозно игнорирани. Комисијата не гарантира објективност. Ниту втор состанок.